Снимката од работниците кои еден по еден храбро го напуштаат своето работно место само затоа што нивните колеги останале без работа, инспирираше и допре многумина.
Антуан Дангерфилд е 30-годишен заварувач кој успеал да сними видео на кое може да се види како стотина вработени, претежно Мексиканци, заминува оставајќи го погонот без работници.
Заминуватењето на работниците се случило откако еден од нивните шефови, којшто уште го нарекуваат “расист“, избркал помал број на вработени поради наводна непослушност.
За краток временски рок, видеото е погледнато над 1 милион пати, а Антуан откри дека му понудиле 250 долари за да го отстрани, што нормално, тој тоа го одбил бидејќи видел дека видеото станува популарно – што всушност доведе до почеток на мала револуција.
НИЕ ИМАМЕ МОЌ
“Солидарност. Од тоа произлегува сила. Сум била работничка, сум била и шефица, а како работник единствената сила ти доаѓа од солидарноста – а неа не може да ја убие ниту една управа. Затоа се обидуваат да ги укинат синдикатите“ – коментираше една жена.
“Работниците треба да се потпрат еден на друг и да стојат заедно против работодавците кои ги експлоатираат“, “Ние имаме моќ – не они“, пишуваа многумина под ова инспиративно видео.