15 тони лубеници продал земјоделецот Енгин Али од Канатларци, прилепско.
Цели 10 тони лубеници самиот ги продал на прилепскиот пазар, а останатите количини на откупувачи. Енгин вели дека лубеници посадил на површина од 6 декари и дека е задоволен од родот, цената по која тој ги продавал лубениците на пазар е 15 денари за килограм, додека откупувачите на лубеници од на нива му платиле по 6 денари за кг.
Разликата е голема, загубата кај земјоделците е видлива, но како што вели Енгин, лубениците брзо стасуваат и не се производи што можат долго да чекаат за продажаба.
Секоја чест за Енгин и неговото семејство, на трудот и посветеноста. Вакви земјоделци и требаат на државата, да ги поддржува и помага, зашто се максимално посветени на производството на храна.
извор: zelenaberza.com.mk