Веројатно некогаш сте се запрашале дали добивате плата колку што заслужувате, или пак, сте размислиле како вашата плата се споредува со платата на вашите колеги. Во многу компании се премолчува околу дискусијата за висина на платите, а во некои дури тоа може да биде и правило, вербално или запишано во правилата и регулативите на вработените. Разговорот со вашите колеги за вашите плати долго време се сметаше за табу тема, но вистината е дека сосема ви е дозволено да разговарате за тоа.
Зошто работодавачите не сакаат да разговарате за вашите плати на работа?
Прилично е едноставно: Ако дознаете дека ваш колега, кој е на истата работна позиција заработува повеќе плата од вас, разбирливо е дека ќе се осетите вознемирено. Работодавачите можеби никогаш нема да воведат правило или забрана за дискусијата околу платата, но може да кажат работи како: „Разговорите за плата „создаваат тензија“ на работното место“. Ова се однесува на тензијата што би ја почувствувале луѓето кои заработуваат помалку од нивните соработници, доколку дознаат дека нивната плата не е иста.
Чувањето на платата во тајност им овозможува на работодавачите да ги плаќаат вработените нерамномерно и истовремено да заштедат пари на компанијата.
Зошто треба да зборувате за платите:
Со чување на платите во тајност, исто така, се зголемуваат и можностите за дискриминација во родовиот јаз на платите. Замислете колкава позитивна промена би можела да се создаде на вашето работно место доколку ги повлечете завесите и почнете искрено да зборувате за вашата плата. Без разлика дали добивате пониска или повисока плата од вашите колеги, би можеле да помогнете да се зголеми рамноправноста и еднаквоста на вашето работно место.
Разбирање дали работниците го добиваат она што сметаат дека го заслужуваат е еден од клучните фактори кои го подигаат задоволството на работа и задржување на работниците.
Сакате да знаете колку плата заслужувате согласно вашите квалификации и искуство? Добра адреса за вакви информации е нашиот портал Моја Плата. На едноставен начин, на порталот Моја Плата можете да дознаете колкави се просечните плати во различни сектори и за различни позиции.