Оваа летна сезона сигурни сме дека "Стојадин" бил вистинска атракција во турското летувалиште Кушадаси.
Млад човек од Лесковац патувал 30 часа до Турција со познатиот "Стојадин". Имено, тој со овој автомобил успеал да стигне до Кушадаси, токму во моментот кога сé повеќе автомобили се расипуваат на пат, особено кога треба да се патува на море.
Но, со Стојадин “нема зима”
Младиот човек кој се прослави на „Тик Ток“ токму поради љубовта кон старите автомобили „Застава“, покажа дека доколку Стојадин правилно се сервисира и вози, многу добро може да послужи како превозно средство до која дестинација вие би посакале.
„Отидовме во Турција со Стојадин. Возев околу триесет часа, и не застанавме. Ги поместуваме границите“, рече младиот човек кој на TikTok е познат како Алексиќ Мото.
Застава 101, популарно наречена „Кец“ и „Стојадин“ е автомобил произведен од српската фабрика за автомобили „Застава“ од Крагуевац. Овој автомобил е создаден врз основа на „Фиат 128“, со малку изменет заден дел - петтата врата. Произведен е во повеќе од милион примероци.
Милионитиот „Стојадин“ е произведен во 1991 година, а рекордното годишно производство било во 1979 година. Се произведуваше во варијанти со пет и три врати, со мотор од 55 коњски сили, волумен од 1100 кубни метри.