Ноќниот живот во Скопје полека но сигурно пропаѓа, во споредба со претходните години, особено пред пандемијата.
Младите и повозрасните имаа многу места за излегување и дружење, сега нема речиси ни еден ноќен клуб или локал што работи после 1ч каде што луѓето можат да се забавуваат во летните ноќи. Младите се оставени сами на себе да се организираат и дружат, но за жал нема каде.
Од друга страна газдите на локалите сметаат дека има ноќен живот но тој е далеку од соодветен, тие велат дека и да има дискотеки треба да бидат надвор од градот а не во самиот центар каде што пречат на другите луѓе, што не е случај речиси во никој од поголемите градови во светот. Навраќајки се на претходните години тие се сеќаваат на многу позабавен ноќен живот за разлика од сега. Според нив голем удел во ова има и пандемијата а сега и финансиската криза.
За работа по 1 часот по полноќ потребна е посебна лиценца која чини многу, па тоа веројатно е една од причините што има се помалку места што работат до доцна во ноќта. Сопствениците на клубови и барови велат дека не се исплаќа да ја имаат, ако порано се нарачувало без размислување, сега поради финансиската криза повеќето гости земаат по само една или две пијачки.
За жал, алтернатива на клубовите и баровите, се повеќе стануваат казината кои непречено работат и никнуваат на секој чекор.
извор: skopjeinfo.mk