Поради високите температури во Грција и ризикот од пожари, затворени се трите најпопуларни плажи на Тасос. Грчките власти воведоа посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.
Пристапот е забранет на најпопуларните плажи – Порто Вати, Мермерна и Парадајс, а ограничен е и сообраќајот на одредени патишта. На туристите им се советува и да не одат во селата во внатрешноста на островот, како што се Теологос, Касавити, Кастро, Мариес. Исто така, се советува во наредните денови населението и туристите да изберат некои полесно достапни плажи.
„Поради сушата и силните ветрови, ризикот од пожар е многу висок, особено во јужна Грција. Оваа состојба ќе трае неколку дена“, предупреди грчкото биро за метеорологија.
Tуристиte кои моментално се на Тасос на социјалните мрежи велат дека на плажите има пожарникари и дека никој не може да помине.
„Денеска отидовме на Мермер Бич и нè вратија назад, пожарникарите го затворија патот и нема излез“, напишаа тие на социјалните мрежи.