Да се биде занаетчија во денешно време не е лесно. Но, љубовта кон тоа што се изработува е посилна од сите други предизвиц - пишува mrt.com.mk.
Повозрасните се обидуваат да им ги пренесат на помладите генерации своите искуства. Градот субвенционира старите занаети кои се во изумирање за да не замре традицијатa.
Повеќе од една деценија своето искуство, но и љубовта кон филигранот Елена Поповска преку занаетот ја пренесува на своите ученици. Вели, во денешно време да се биде занаетчија не е лесно, но целта е да се опстане бидејќи го работат она што вистински го сакаат. Сепак, пресудно е што знаењето го споделуваат со помладите генерации.
Љубовта на младите кон занаетчиството е голема, потенцира Поповска. Дека младите умеат, докажува и големиот мајстор за чевли, Филип Костовски, кој невозможното го прави возможно. Имало моменти кога сакал и да се откаже, ама знаењето и искуството си го прават своето.
Градот Скопје годинава со субвенции за старите занаети кои се во изумирање, со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети. Чевларството не е опфатено во јавниот повик, иако е тешко да се најде млад занаетчија.
Занаетчиите се надеваат дека и во иднина ќе имаат помош од државата и од градот. Субвенциите се во висина од 10.000 денари, средствата се обезбедени преку програмата за финансирање проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата.
Текстот е превземен од mrt.com.mk