Јапонските власти распишаа национална кампања за идеи како да се поттикне пиењето на алкохол. Кампањата е одговор на намалениот интерес кај младите за конзумирање на алкохол, што предизвикало намалување на државните даночни приходи, пренесува британски медиум.
Кампањата наречена „Саке вива“, е во организација на јапонската Национална даночна агенција. Во повикот на државните инститциии, се охрабруваат лицата од 20 до 39 години да поднесат идеи за како одново да се популаризира пиењето на алкохол, чија продажба е опадната поради сменетиот начин на живот во пандемијата, но и намалениот интерес за конзумирање кај младите лица.
Кампањата е отворена до 9 септември, а се бараат идејни решенија за нови производи и дизајнерски решенија на производите, како и начини за промовирање на конзумирање алкохол. Според локалните медиуми, учесниците се охрабрени да истражуваат и нови продажни методи користејќи го метаверзумот.