Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на претходната одлука.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 88,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 52,814 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 %.