Експертите ги советуваат сопствениците на вакви уреди да ги ажурираат доколку имаат модели од „Ајфон“ 6С, па следните модели, како и понови „Ајпад“ и „Мек“ кои работат со „МекОС Монтереј“
Компанијата „Епл“ призна дека има сериозни безбедносни пропусти во уредите „Ајфон“, „Ајпад“ и компјутерите „Мек“ кои би можеле да им овозможат на хакерите да влезат во самите уреди.
Компанијата објави два безбедносни извештаи за грешките, но не даде детали за тоа колку луѓе би биле засегнати од ваквите пропусти.
Експертите ги советуваат сопствениците на вакви уреди да ги ажурираат доколку имаат модели од „Ајфон“ 6С па следните модели, како и понови „Ајпад“ и „Мек“ кои работат со „МекОС Монтереј“.
„Епл“ исто така наведува дека се „свесни за извештаите дека веќе се можни злоупотреби.
„За да ги заштитиме нашите клиенти, ‘Епл’ не открива, дискутира или потврдува безбедносни прашања додека не се спроведе истрага“, велат од компанијата.