Саемот за автомобили во Женева е откажан четврта година по ред, а организаторите како причина ја навеле неизвесноста во глобалната економија и геополитиката.
Но, и покрај тоа, сè уште е во план манифестацијата во Катар, која треба да го замени најважниот саем за автомобили на светот.
Фондацијата „Comité permanent du Salon international de l'automobile de Genève“ објави дека салонот за автомобили 2023 година ќе биде одржан исклучиво во Доха, Катар. Тоа значи дека настанот што требаше да се одржи во февруари 2023 година во најголемиот град во Швајцарија е откажан.
„Поради неизвесноста во глобалната економија и геополитиката, како и поради ризиците поврзани со пандемијата, организаторите решија исклучиво да се фокусираат на планирање на настанот во Доха во 2023 година“, изјави Морис Туретини, претседател на фондацијата.
Како што беше потврдено во април, салонот за автомобили во Женева беше закажан за 14-19 февруари 2023 година. Туретини додал и дека направиле сè што е во нивна моќ за да го организираат овој настан во Женева, но „ризиците биле поголеми од можностите“.
Саемот за автомобили во Женева ќе дебитира во Катар во ноември 2023 година, а точните датуми сè уште не се објавени.