Намалениот принос на кафе во Бразил, најголемиот светски производител, би можел да предизвика нагло зголемување на цените на кафето ширум светот во наредните месеци, објави Волстрит журнал
Фјучерсите на кафето пораснаа за речиси 90 отсто минатата година, откако сушата и мразот го погодија производството во Бразил, покажуваат податоците за тргувањето.
Цените на кафето во февруари скокнаа на 10-годишниот максимум од 2,59 долари за фунта (1 фунта = 453,5 грама) и останаа повисоки од претходните години, што претставува зголемување од 18,06 отсто во однос на претходната година.
Пазарните аналитичари очекуваат дополнително зголемување на цените поради спецификите на бербата на кафето во Бразил. Традиционално, тоа се одвива во двегодишен циклус, при што земјоделците собираат поголеми количества Арабика во парни години. Сепак, поради екстремните временски услови во 2021 година, очекувањата за годинешната реколта се мали, особено со оглед на зголемувањето на трошоците за ѓубриво и транспорт.
Покрај Бразил, насадите во Колумбија, уште еден голем извозник на кафе, беа погодени од влажното време од вообичаеното.
Според некои проценки на Волстрит журнал, овогодинешните приноси на некои фарми се очекува да бидат и за 50 отсто помали.