Подружницата на „Volkswagen“ има „голема побарувачка“ и нарачки за следните 18 месеци, рече Стефан Винкелман.
Богатите клиенти ги купуваат овие луксузни автомобили и покрај глобалните финансиски последици од руската инвазија на Украина, оценува „AFP“.
„Сѐ повеќе се купуваат „Lamborghini“. Бидејќи имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, кои што имаат високи перформанси“, рече тој.
Долгото чекање на примероците се должи на недостигот на делови, особено на чиповите кои се потребни за новите електрични модели.
„Lamborghini“ планира хибридна верзија на секој од своите модели до 2024-та година, а првото целосно електрично „Lamborghini“ се очекува во втората половина на деценијата.
На почетокот на август „Lamborghini“ објави дека го има најдоброто полугодие во својата историја, постигнувајќи рекордна продажба и профит. Оперативната маржа достигна 32 отсто, а оперативната добивка е 425 милиони евра од продадени 5.090 автомобили.