Денес, дури и најевтините автомобили имаат управувачи кои ќе траат неколку години и најмалку 100.000 километри пред да почнат да се распаѓаат.
Дури ни кога станува збор за Tesla со најновиот „јарем“ волан.
Така барем навестуваат бројните објави на социјалните мрежи, каде некои сопственици, разочарани од квалитетот, објавија фотографии од воланот по неколку десетици илјади километри.
Tesla Model S Long Range опремен со „иновативен“ волан по поминати помалку од 40.000 километри покажа волан на кој веќе паднале три парчиња.
Популарен TikToker објави дека неговиот волан брзо се распаѓа по само 20.000 извозени километри. Најекстремниот случај го објави Твитер профилот Meet Kevin кој изјави дека истите работи ги доживеал по само 6.500 поминати километри.