Француските граѓани навалија да купуваат печки на дрва поради енергетската криза.
Федерацијата за запаливи материјали, гориво и греење објавила дека во земјата има голема побарувачка на пелети.
Граѓаните во Франција се почесто планираат да користат печки на дрва поради поскапувањето на енергенсите, што доведе до огромна побарувачка на пелети, јавува Анадолија. Федерацијата за запаливи материјали, гориво и греење, која има 300 добавувачи, соопшти дека ќе им даде приоритет на своите редовни клиенти. Француските медиуми наведуваат дека поради недостигот на руски гас и енергија, цената на струјата за мегават-час во земјата во 2023 година ќе достигне 1.075 евра, соборувајќи историски рекорд. ЕУ воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина. Европјаните ги чекаат неколку тешки зими.