Денес е Денот на рударите - 28 август. Во Македонија има над 100 активни рудници кои заедно со своите придружни дејности вработуваат околу 10.000 луѓе
Рударството е еден од најважните сектори и придвижувач на нашата економија.
Со измените во Законт за пензиско и инвалидско осигурување, вработените во секторот заминуваат порано во пензија, Ако претходно рударите се пензионирале на 58 годишна возраст, по ново, во пензија заминуваат на 50 годишна возраст, а во периодот од 2018-та до денес, ова право го оствариле 105 рудари.
Што значи да се биде рудар?
Во топлите, влажни тунели, неколку стотици метри под земја, кога одат на работа, рударите си посакуваат „среќно“. Денес, ние им посакуваме среќен Ден на рударите и им го честитаме празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на македонските рудари!
Има многу тешки професии на светов, но рударството е нешто посебно. Не случајно Богородица е заштитничка на рударите, токму поради тежината, предизвиците и ризиците кои ги носи оваа работа. Затоа, ја поздравуваме храброста на сите рудари кои одлучиле да се занимаваат со оваа професија. Посакуваме среќата секогаш да биде на ваша страна!
Во вкупното индустриско производство рударството учествува со 10%. Во бруто националниот призвод со 1%. Во извозот само од обоените метали се реализираат 200 милиони евра годишно.