KFC е американски интернационален бренд и лидер во подготовка и послужување на пилешко со повеќе 20.000 ресторани во над 100 држави ширум светот, а од оваа година една од тие земји ќе биде и Македонија откако компанијата одлучи да отвори свои ресторани во Скопје и Тетово.
Рестораните на KFC се препознатливи по тоа што го нудат познатиот рецепт на Colonel Sanders за пилешко од кое се прават пилешки сендвичи, врапови, бургери и други пилешки јадења.
И додека нема кој не слушнал за брендот KFC, малкумина ја знаат инспиративната животна приказна на основачот Харланд Сандерс која на крајот довела до создавање на сето она што е KFC денес.
На 5-годишна возраст неговиот татко починал. На 16 години го напуштил училиштето. Со навршени 17 години, позади себе имал променето дури четири работни места, а на 18 години стапил во брак по што се приклучил во војската.
На само 20 години, неговата жена го напушта земајќи го детето со себе. Потоа, се вработил како готвач во локален ресторан и ја убедил својата жена да му се врати.
На 65 годишна возраст се пензионира и паѓа во депресија. Се разочарал од својот неуспех и сакал да изврши самоубиство. Седнал да го пишува своето проштално писмо, но наместо тоа, Полковник Сандерс пишува за сите работи кои сакал да ги постигне во животот и за тоа колку добар готвач всушност бил.
Па, наместо да си го одземе животот, тој позајмил 87 долари и започнал да готви пилешко врз основа на својот личен рецепт, а своите готови јадења ги продавал од врата на врата. Го отвора својот прв ресторан, за потоа да почне да работи на франшизата.
На 88-годишна возраст Харланд Сандерс, основач на KFC станал билионер, а денес неговиот лик се наоѓа на самото лого на компанијата.