Пејачката Лепа Брена реши да започне нов бизнис, а првите примероци од нејзините нови производи се веќе готови и спремни за продажба. Станува збор за женски чорапи, а планот на пејачката е лансирањето на нејзиниот бренд официјално да се случи во октомври 2022.
„Почитувани пријатели, по неколку години темелни подготовки, многу вложен труд, истражувања и напорна работа, со гордост и големо задоволство, во оваа прилика сакаме и официјално да го најавиме лансирањето на брендот Lady B.
Lady B е бренд кој ќе се занимава со технолошки револуционерно производство од сферата на убавина и здравје. Нашиот прв асортиман на производи е Celebrity линија на женски чорапи, кои ќе бидат единствени на пазарот, бидејќи во својата ткаенина содржат хијалуронска киселина и нано честички од злато, кои во комбинација со нашата технологија на компресија, ќе имаат изненадувачки позитивен ефект на изгледот и чувството на вашите нозе и кои на допир ќе биат најнежниот производ од овој вид на пазарот. Исто така, во самиот старт можете да очекувате и plus size чорапи, кои нажалост не се застапени на нашите простор, а ние се радуваме што ќе можеме да обезбедиме производи во оваа категорија кои до сега не беа достапни.
Сите наши производи се произведуваат по специјален патент во Италија, со ткаенина која доаѓа од Шпанија.“
Официјалното лансирање на брендот како и отворање на првите retail локации е закажано за октомври 2022, соопштува пејачката на нејзиниот Instagram профил.