Освен за качување-симнување поголема количина на материјали, лифтот речиси и да не се користи во зградата, а по скалите каде отсекогаш било тивко и мирно, веќе има гужва.
Со оглед на тоа што од септември Владата ги задолжи државните институции, т.е. од овој месец, да трошат 15 отсто помалку струја споредено со истиот месец лани и најави санкции за раководителите на институциите ако не се спроведе ваквата мерка за штедење на електрична енергија, во Министерството за транспорт и врски на секој кат стои известување „забрането качување со лифт на веспи, велосипеди и електрични тротинети и нивно полнење во канцелариите“.
Оттаму стигнува и веста од лице место, дека освен за качување-симнување поголема количина на материјали, лифтот речиси и да не се користи во зградата, а по скалите каде отсекогаш било тивко и мирно, веќе има гужва.
Во ова Министерство согласно мерките, предвидено е исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се печатат само потребните материјали и да се заменат прозорците со енергетски ефикасни.
Мерките ќе важат до 31 март 2023 година.