Според истражувачите, пандемијата направи луѓето константно да „скролаат“ поради додатното слободно време и постојаните лоши вести. А лоши вести има многу. Но, според ново истражување, константното „скролање“ може да доведе до лошо ментално здравје, но и физички последици.
Константното скролање е тенденцијата постојано да се читаат лошите вести на интернет, иако вестите се тажни и депресивни, пракса која научниците сметаат дека процветала за време на пандемијата.
Според студија објавена во научното списание „Health Communication“, кај 16.5 отсто од 1100 испитаници се појавиле знаци на проблематична количина на прочитани вести, што довело до големи степени на стрес, анксиозност и влошување на здравјето.
Околу 27.3 отсто од испитаниците имале просечно проблематично нивно на читање вести, 27.5 отсто биле минимално погодени, а 28.7 отсто од испитаниците не покажале негативни последици.
Од оние лица кои покажале сериозни проблеми со нивото на читање вести, 74 отсто пријавиле проблеми со менталното здравје, а 61 отсто од нив пријавиле и влошени физички манифестации.
Извор: www.radiomof.mk