Меѓународен натпревар во јадење лути пиперки по првпат ќе се реализира во петок во Кавадарци, за време на Стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Настанот што ќе се одржи во кавадаречка гостилница, е насловен „Супер лут предизвик”.
Организаторот информира дека за сите натпреварувачи следуваат вредни награди, а главната награда за победникот е LCD телевизор. Неколку спонзори го поддржуваат овој натпревар.