Постојат бројни начини на кои хакерите и измамниците се обидуваат да добијат информации за корисничките имиња и лозинки и да ги користат за разни измами, уцени и слично.
Неодамна, предупредуваат експертите за безбедност, корисниците на Инстаграм се на мета на прилично лукава измама.
Имено, измамниците им испраќаат мејлови кои се чини дека се од тимот на Инстаграм и ги известуваат дека нивните профили се избрани за проверка. Е-поштата доаѓа од адресата „ig-badges“, додека нејзиниот наслов содржи „ig badges info“, а за пораката да биде што поубедлива, на врвот и на дното на мејлот има логоа на Facebook и Instagram.
Во е-поштата има и линк до веб-локација на која треба да кликнете и да ги внесете вашите информации за да пристапите на Instagram на таа страница. Секако, се работи за лажна страница и со внесување на вашето корисничко име и лозинка за пристап до Instagram, тие информации ги предавате на хакери и измамници. Тие можат да ги користат за да се обидат да пристапат до вашата сметка или да се обидат да пристапат до други услуги, социјални мрежи, е-пошта и слично.
Иако на многу луѓе ваквите пораки за фишинг им се сомнителни и се претпазливи и не отвораат линкови, сепак мал дел од корисниците се навлекуваат на нив и ги даваат своите информации на измамниците и подоцна се каат.
Инстаграм вели дека процесот на верификација никогаш не оди преку е-пошта, туку само преку апликацијата. Исто така, според Центарот за помош на мрежата, за Инстаграм да потврди нечиј профил, таа личност мора да биде јавна или позната или да биде бренд.