Нетавил е средина која го стимулира развојот на локалната тек-сцена, поддржува IT настани и споделување знаење. Од почетници до искусни професионалци, етаблирани организации, и организатори на настани. Секој е добредојден во овој простор кој е место за иновации, размена на визии, идеи и постигнувања.
Без разлика дали си IT студент кој сака да научи повеќе или да запознае колеги или IT заедницата, или професионалец на кој му треба место за ко-воркинг, или имаш супер идеја за тек-настан, Нетавил е местото кое ќе ја поддржи твојата визија и ќе и помогне да се претвори во реалност.
IT студентите можат да присуствуваат на предавања, да запознаат професионалци и да уживаат во посебните попусти кои ги имаат во кафе-барот кој е дел од просторот. Блискоста до техничките факултети го прави местото лесно достапно до студентите. Простор во Нетавил е достапен за локалните IT факултети за нивните настани и едукативни потреби. Нетавил ќе биде место кое ќе го поддржи професионалниот развој на студентите и ќе го направи нивното учење повозбудливо и интересно.
Организациите, заедниците и организаторите на настани, можат да го резервираат социјалниот простор за нивниот следен IT настан. Без разлика дали организираш натпревар, хакатон, предавање, саем на кариера или средба на твојата група, Нетавил е место кое е достапно за сите настани од кои ќе има бенефит IT заедницата.
Професионалците и фриленсерите можат да го користат ко-воркинг просторот и да уживаат во пријатната работна средина. Тие можат да се сретнат со колеги, да разменуваат идеи додека пијат кафе, и да ги искористат предностите на локацијата.
Доколку ти сакаш да бидеш дел од оваа приказна и бараш работа во една супер позитивна средина, сега можеш да ни се придружиш. Кликни на ЛИНКОТ и информирај се.
Интернационалната софтвер компанија Netcetera ја поддржа креацијата на Нетавил. Поддржувањето на локалната IT заедница и на талентите е еден од главните принципи на компанијата. Замислата е Нетавил да го стимулира развојот на растечката тек-сцена во Македонија и да ги инспирира младите таленти да се пронајдат во IT светот.
извор: inovativnost.mk