Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=4
Во Скопје променливо облачно време со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени.
извор: slobodenpecat.mk