Често пишуваме за македонци кои отвораат свои бизниси во странство. Овој пат ја пренесуваме приказната на Димитриос, по потекло од Крит кој отворил свој бизнис во Скопје. Тој е сопственик на Кандиа ДООЕЛ. Продавница за природни органски производи, лоцирана во Скопје.
Кандиа нуди квалитетни и исклучителни производи, како што се маслиново масло, маслинки, природна козметика од маслиново масло, оригинален мед, оригано и нерафинирана морска сол. Кандиа никогаш не прави компромиси за квалитетот и услугите што им се даваат на клиентите. Оттука, сите производи имаат здравствен сертификат и сертификат за контрола на квалитет.
– Во бизнисот со маслиново масло сме скоро 132 години, вели господин Димитриос. Всушност, станува збор за најстариот производствен погон за маслиново масло на Медитеранот. Јас сум претставник на таа компанија, името и е АВЕА. Ние го проширивме нашиот бизнис во Европа, САД, Африка и Азија, но не бевме присутни на Балканот. Бидејќи мојата сопруга е дипломат, решивме да дојдеме на оваа страна од светот, затоа што сфатив дека во Македонија и општо во Балканските држави нема доволно квалитетно маслиново масло на пазарот. Имајќи го ова во предвид, помисливме дека добра бизнис идеја би била ако на Балканот понудиме квалитетен производ. Првичната идеја беше да се понуди на пазарот домашно произведено маслиново масло, и тоа да биде во количини колку што му се потребни на купецот. Нудиме опција прво тој што е заинтересиран да дегустира од повеќето видови на наливни маслинови масла кои ги имаме во асортиманот, па потоа да одлучи од кое масло сака да купи. Имаме 9 различни видови на маслиново масло, од 9 различни видови на маслинови дрвја. Им даваме можност на нашите клиенти да пробаат и да набават масло според својот вкус.
За сега имаат само продавница во Скопје но дистрибуцијата им е низ целата земја.
– Продавницата во Скопје неодамна го прослави својот втор роденден. Немаме други продавници ширум земјата, но имаме наши дистрибутери во некои од другите градови. Имаме дистрибутер за Штип, а во Скопје снабдуваме локални деликатесни продавници, како нашите пријатели од Платамонас Фиш, месарница Андреа, Ла Нои… како и низа ресторани кои сакаат да им понудат висококвалитетно маслиново масло на своите гости.
Што се' се нуди во нивната продавница?
- Имаме голем опсег на производи. Производите на АВЕА се главниот бренд кој го нудиме. Имаме 9 различни видови на маслиново масло. Кога велам 9 видови, не говорам за 9 различни нивоа на квалитет, бидејќи сите масла се со врвен квалитет. Кога велам 9 видови на масла, тоа се однесува на масло од 9 различни видови на маслинови дрвја. Во нашата понуда има дури и маслиново масло од диви маслинки, што мислам дека е многу интересно како податок. Покрај маслото, имаме и 3 видови на маслинки со врвен квалитет: зелените маслинки кои уште се познати како Халкидики, потоа Тасос (кои всушност не се некој различен вид, но се разликуваат во методот на култивирање) и можеби најпознатите Каламата маслинки кои потекнуваат всушност од Пелопонез, но ги имаме и на Крит.
Понатаму, ќе ја споменеме и козметиката која се прави исклучиво на база на мед и маслиново масло. Во козметиката не се користат парабени, силикони или било какви хемикалии.Тие се 100% природни! Имаме козметика за различни цели. Имаме клиенти кои имаат проблеми со кожата и доаѓаат да купат стриктно од нашите производи, бидејќи не ја иритираат нивната кожа, и не само тоа – туку и ја потхрануваат со елементи кои се од голема важност за виталноста и убавиот изглед на самата кожа. Исто така нашите шампони се многу барани поради нивниот пријатен мирис, а помагаат и при спречување на опаѓање на косата. Во Македонија нема многу компании кои произведуваат 100% природни производи.
Во моментов Кандиа има отворена работна позиција за ПРОДАВАЧ. Доколку сте заинтересирани аплицирајте ОВДЕ.
Тимот на Вработување Ви посакува понатамошни успеси!