Тринаесетта година по ред, овој најголем онлајн саем за вработување, од 17 до 21 октомври 2022 година, на едно место и во исто време ќе собере бројни работодавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија
Пазарот на труд во Европа бележи историски ниско ниво на невработеност. Иако бројот на невработени се намалува, сепак пазарот е „гладен“ за квалитетна и квалификувана работна сила. Соговорниците на нашиот неодамна одржан вебинар на тема „Што се случува на пазарот на труд во регионот и ЕУ?“ посочуваат дека сега е многу полесно да си го најдеш местото под сонцето. На крилјата на овие добри и позитивни вести, полека но сигурно го очекуваме отворањето на овогодинешниот онлајн Регионален саем за вработување.
Веќе тринаесетта година по ред, овој најголем онлајн саем за вработување, од 17 до 21 октомври 2022 година, на едно место и во исто време ќе собере бројни работодавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.
Присуството на дури 200 истакнати работодавачи и нивните 1.200 огласи за вработување - можности за работа кои ве очекуваат и вас оваа година, се податоци кои покажуваат дека навистина овој настан е најголемиот Саем за вработување во регионот.
Најдете работа во повеќе индустрии
Како и секоја година, работодавачите се поделени во три категории - трговија, IT и финансии. Гледајќи ги категориите, тие и годинава ќе вклучат понуди за работа во производство, продажба, дистрибуција, логистика и маркетинг, работа во банкарскиот сектор и осигурителните компании, а ќе можете да најдете и работни места од секторите туризам и угостителство, како и други консултантски дејности.
Станете во директен контакт со работодавачите
Покрај огласите за вработување, на различните виртуелни штандови на работодавачите посетителите ќе можат да најдат подетални информации за компаниите, да ги прочитаат искуствата на вработените и да дознаат зошто треба да изберат одреден работодавач. Покрај тоа, работодавачите ќе ги откријат придобивките што ги нудат на нивните идни вработени, а вие ќе можете сите ваши прашања за компанијата да ги поставите преку опцијата chat.
Нова интересна рубрика
Со цел овогодинешниот саем да блесне во ново руво, на сите посетители им носиме нова рубрика - „настани“. На едно место ќе ги собереме интересните и актуелни настани што ги нуди пазарот на труд. Во рамките на овој дел, ќе можете да најдете интересни приказни за компаниите учесници кои ќе ви дадат подобар увид во нивната деловна политика, работна средина, начинот на кој работат, бенефициите што ги нудат на своите вработени како и кадарот што го бараат. Покрај интересните статии, ќе можете да ги најдете и нашите вебинари во овој дел. Содржината на делот „настани“ ќе ви помогне подобро да се подготвите за комуникација со работодавачите и да се истакнете меѓу конкуренцијата.
За да го дочекаме 17 октомври поподготвени, ви даваме мал увид во само некои од овогодинешните изложувачи: LIDL, Алкалоид, Македонски Телеком, НЛБ Банка, Кромберг и Шуберт Македонија, Нептун, Gerresheimer, Magna Mirrors и многу други истакнати работодавачи од Македонија и регионот.
Доколку сакате да се пријавите како работобарател на саемот и да ве потсетиме пред почетокот на истиот, пријавете се тука.