За разлика од социјализмот кога огромните хали беа во Скопје, и во релативна близина на центарот на градот, за што се уште сведочат напуштени, или продадени објеки на чие место никнуваат висококатници, новата индустријализација која зеде замав со слободните индустриски зони, најмногу работници регрутираше токму во комапниите во овие зони. Зоните почнуваа да никнуваат во разни градови, со цел да се постигне некаков регионален равој и да се врати животот надвор од Скопје. Така, најголемите работодавачи не се во метрополата. Тие се во Кавадрци, Битола и во Кочани. Заеедничко за сите три топ работодавачи е што тие се дел од странски корпорации кои работат за светската автомобилска индустрија.
Во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра, покажуваат податоците.
Кај истите овие работодавачи, мината година биле вработени 76.598 работници, односно 1.731 помалку. Во 2020 година, тие направиле вкупен приход од 6,2 милијарди евра, но притоа треба да се земе во предвид дека во 2021 година веќе почна инфлацискиот тренд, а повисоките цени, секако дека имаа влијание на зголемувањето на износот за направениот промет. Во 2020 година овие компании направиле добивка од 350 милиони евра, што значи дека лани компаниите биле попрофитабилни за дури 156 милиони евра.
КОИ СЕ ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ?
Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку.
Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само 4 се во Скопје, додека другите се во другите градови.
Еве кои се 10-те најголеми работодавачи во 2021 година:
КОМПАНИЈА | БРОЈ НА ВРБОТЕНИ 2021 | БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ 2020 |
---|---|---|
ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА - Кавадарци | 5.626 | 5.442 |
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ Битола | 5.368 | 5.545 |
АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кочани | 2.185 | 1.828 |
НИКОБ ДОО Скопје | 1.997 | 1.988 |
ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Прилеп | 1.996 | 1.995 |
МАКПЕТРОЛ АД - Скопје | 1.870 | 1,854 |
АЛКАЛОИД АД Скопје | 1.860 | 1.737 |
АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ Штип | 1.853 | 2.058 |
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје | 1.480 | 1.424 |
АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица | 1.412 | 1.572 |
ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ, САМО ДВА СЕ ВО ТОП 10 ПО ДОБИВКА
Податоците покажуваат дека од овие 10 најголеми работодавачи, само два се во друштвото на ТОП 10 компании по добивка, а тоа се „Макпетрол“, каде со 1.870 вработени е направена добивка од 22,3 милиони евра и „Алкалоид“, каде со 1.860 вработени е направена добивка од 20,8 милиони евра.
Ако пак, се споредат ТОП 10 компании со најголем приход во однос на ТОП 10 работодавачи, може да се види дека и во едната и во другата група се само „Макпетрол“ со приход од 365,5 милиони евра и „Кромберг и Шуберт“ со приход од 211 милиони евра.
Извор: pari.com.mk