„Мајките ќе добиваат парична помош од 380 евра, се додека едно од децата е малолетно“: Владата ја усвои оваа одлука во Република Српска.
Браво за оваа одлука во РС. Парична помош на сите мајки со четири или повеќе деца се додека барем едно од децата е малоллетно.
Одлуката стапи на сила на 15 септември годинава.
Мајките кои имаат четири или повеќе деца и кои се невработени, од септември добиваат надоместок од 750 КМ или околу 380 евра, а ќе ја добиваат се додека барем едно од децата е малолетноо, соопшти Кабинетот на премиерот на Република Српска.Меѓу условите и критериумите, во одлуката донесена од Владата на РС, стои дека надоместок од 750 КМ ќе добиваат мајките додека најмалото од четири или повеќе деца не наполни 18 години.Паричната помош, утврдена со оваа одлука, се однесува на 2022 година, а правата од наведената област ќе подлежат на законска регулатива, чија примена се очекува да стапи на сила на 1 јануари 2023 година, како трајна мерка на пронатална политика.
Со решението се пропишуваат условите што треба да ги исполнува родителот за остварување на правото на парична помош а тоа се:- Да биде невработена, да има четири или повеќе деца, од кои најмалото дете е помладо од 18 години, односно едно од децата е малолетно.
- Да има државјанство на Босна и Херцеговина/Република Српска со место на живеење во Република Српска и територијата на округот Брчко со ентитетско државјанство на Република Српска.Паричната помош согласно оваа одлука се обезбедува во месечен износ од 750 КМ, почнувајќи од септември, на тој начин што се обезбедува веднаш за родителите кои се во евиденцијата на Јавниот фонд за заштита на децата, како корисници на некои од правата од детска заштита, а за сите други родители – по поднесување на пријавата и по утврдувањето на исполнетост на условите и роковите пропишани со решението