Кањонот Матка е вклучен во Националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување на Европската Унија, а бројните видови од Кањонот Матка се вклучени на прилозите на Директивата за зачувување на природните живеалишта на дивата флора и фауна.
Богатството и разновидноста на природните вредности, биодиверзитетот и геодиверзитетот, се основни причини Кањонот Матка да биде рангиран како еден од најзначајните локалитети на природно наследство во државата.
Репрогласувањето на Матка треба да биде финализирано со донесување на Законот во Собранието, а ќе треба да биде дефиниран и управувач и да се формира управувачка структура.
Извор: meta.mk