Утринава граѓаните се разбудија со топли радијатори.
Регулаторната комисија за енергетика ги издаде трите лиценци на АД ЕСМ за регулирано производство на топлинска енергија, за дистрибуција и за снабдување со што се исполнети сите предуслови денеска, на 15 октомври да се вклучи парното греење за скопјани.
Со издавањето на овие лиценци се исполните сите предуслови за отпочнување на грејната сезона во Градот Скопје која ќе почне од 15 октомври. Сите критериуми кои важеа, ќе останат и понатаму. Температурата ќе остане 21 степен Целзиусов.
Очекуваме дека во првичните денови со топлината ќе има вообичаени проблеми. Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Сè што треба да преземе ЕСМ ќе биде преземено со цел топлината да стигне до секој стан. Очекуваме почеток на грејната сезона. Го повикуваме ЕСМ да работи во оптимален режим на работа со цел да се заштеди на гориво за производство на топлина – истакнаa од РКЕ.
Во Белград започнувањето на грејната сезона е одложено, истото е направено во Италија. Во Австрија и Швајцарија максималните температури се 19 степени, а ние остануваме на истите 21 степен и се што може РКЕ да направи, ќе направи во рамките на нормалното за да има непречено греење.
извор: faktor.mk