Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31 871 денар.