Цената на недвижностите во регионот идната година ќе бележи намалување за 10% прогнозира еден аналитички тим. Според анализата, поскапувањето на кредитите под притисок на инфлацијата ќе го намали интересот за купување недвижности што според анализата ќе придонесе за намалување на побарувачката а со тоа и спуштање на цените.
Но овој ефект веројатно најмалку ќе се почувствува во Македонија
„Градежништвото во земјава заклучно со јули бележи пад од 12,9 отсто, а тој е поттикнат главно од намалувањето на јавните инвестиции, кои поради политичките превирања се ставени на чекање“, велат аналитичарите на „Блумберг Адрија“.
Од друга страна, силната побарувачка на станови има позитивно влијание на секторот. Градежните работи во високо градба се зголемени за 8,2 отсто на годишно ниво. Цената на становите заклучно со вториот квартал се зголеми за 21,2 отсто, овој процент е трет највисок во Европа. Само во БиХ и во Унгарија цената на квадратен метар има поголем раст споредено со земјава.
Извор: press24.mk