Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 3.11.2022 година.
Од полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Мазутот М-1 НС и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 5.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Извор: vesnik.com