Светската бизнис пракса потврдува дека жените можат да бидат многу подобри организатори и поголеми перфекционисти од мажите, а многу често и нивната лојалност кон фирмите за коишто работат е поголема во однос на нивните машки колеги
Со напредување на кариерата на жената, таа станува поамбициозна за лидерскитe позиции.
Да се биде успешна жена во бизнисот значи дека сте научиле како да кажете „да“ на можностите, а жените кои го направиле тоа научиле да бидат целосно сигурни во донесувањето одлуки.
Светската бизнис пракса потврдува дека жените можат да бидат многу подобри организатори и поголеми перфекционисти од мажите, а многу често и нивната лојалност кон фирмите за коишто работат е поголема во однос на нивните машки колеги.
Жените во голема мерка поседуваат способност каква што бара бизнис климата на новите економии – способност за решавање проблеми, комуницирање и управување со информациите. Да не ги споменуваме креативноста, флексибилноста и хуманиот пристап кои имаат сѐ поголемо значење во современото работење.
Како што жените освојуваат сѐ повисоки позиции во корпорациите нивното влијание на деловното работење сѐ повеќе се зголемува. Со примена на поинаков пристап и деловна стратегија, жените можат да го променат начинот на кој се води работата и функционира организацијата.
Во нашата компанија работат сто и триесет жени, од кои скоро четириесет од нив превземаа раководни позиции. Среќни сме што се дел од нашата компанија во која уживаме во бенефитите од нивната работа, ангажман и посветеност и истата ја препорачуваат како одлично место за работа и кариера.
Со нивните носечки карактеристики како амбициозност, максимална посветеност и одговорност се докажаа како одлични лидери и топ менаџери во секоја сфера од работењето.
Месецот октомври ни беше во фокусот на нашите колешки кои се вложуваат и допринесуваат за подобрување на нашиот бизнис. Во таа насока им порачуваме да се грижат за нивното здравје како што се грижат за нашиот бизнис.
Во продолжение следат кратки интервјуа за менаџерките во нашата компанија.
Јоана Спасовска – Директор за продажба
Дел сум од компанијата Флекс Кредит од самото нејзино основање во Македонија. Најпрвин бев ангажирана како Менаџер за развој и бев задолжена за експанзија на брендот на целата територија на нашата држава. По краток период бев унапредена во Трговски Менаџер, како одговорно лице за трговската структура, односно мрежата на филијали за по една година да добијам унапредување во Директор за продажба и освен трговската структура да ги превземам под управување и HR и Маркетинг Одделите.
Огромна е одговорноста да се биде на чело на овие сектори, но страста кон работата и успешно реализираните цели и проекти ме инспирираат и помагаат да се носам со сите превизвици а воедно и ме мотивираат за уште поголеми достигнувања.
Особено сум горда што формиравме тим со кој делиме иста енергија, тим од професионалци полни со ентузијазам и желба за напредок и што создадовме хармонична работна атмосфера во која секој ќе може да се истакне и да ја изрази креативноста, да расте и да напредува без да се соочи со национална, верска или полова дискриминација.
Токму ентизијазмот,тенденцијата на поместување на сопствените граници и жедта за огромен успех ја кренаа нашата компанија на врвот во оваа индустрија.
Татјана Канлиева – Ареа менаџер
Моите почетоци во Флекс Кредит се од самото основање на компанијата, работев како Офис менаџер во филијала Радовиш, но трудот кои што го вложив за развој на компанијата беше препознаен и по само неколку месеци добив унапредување и станав дел од менаџерскиот тим на Флекс Кредит, на позиција Ареа Менаџер на Источен Регион.
Позицијата Ареа Менаџер е доста одговорна, динамична и предизвикувачка но благодарение на прекрасната атмосфера за работа, прекрасниот тим, обврските и задачите се извршуваат беспрекорно. Во нашата компанија вистинскиот тимски дух секогаш дава позитивен резултат. Флекс кредит за мене не претставува само бизнис и кариера,туку една голема заедница која што овозможува на секој еден вработен да ја покаже својата сила, упорност и посветеност во работата. Флекс кредит е компанија која претставува столб на поддршка, унапредување и неограничена можност за напредок и развој. Мое огромно задоволство е што сум дел од една ваква успешна компанија.
Јасна Николовска – Ареа менаџер
Во Флекс Кредит сум од самите почетоци, во растот и развојот на компанијата се вклучив со многу ентузијазам, љубов и посветеност. Моите почетоци беа на позиција Офис Менаџер. Трудот кој го вложив, беше препознат и вреднуван од страна на менаџментот и на мое огромно задоволство, станав дел од него, на позиција Ареа Менаџер. Моментално, раководам со 9 филијали, создадов прекрасен тим со кој се гордеам и со кој е задоволство да се работи.
Во темелите на компанијата поставивме елементарни принципи на корпоративна култура, се водиме по девизата „Еден за сите, сите за еден“, станавме големо семејство, во кое пријатната работна атмосфера придонесува за успешно реализирање на сите зададени цели и постојано се надоградуваме и напредуваме.
Среќна сум затоа што работам во компанија, која го цени секој еден вработен, неговите потреби, место каде што човек може да се развива лично, професионално и кариерно. Навистина е привилегија во секој град човек да има колеги, поточно пријатели пред сè!
Флекс Кредит не е само работно место, Флекс Кредит е љубов!
Ангелина Васоска – Ареа менаџер
Мојата кариера во Флекс Кредит започна преку апликација за вработување на која бев избрана за позицијата Тим Лидер во Тетово. По неколку месеци поминати во запознавање на дејноста, проширување на брендот и порастот на клиенти бев унапредена во Офис Менаџер за истата филијала. Тимското работење и целокупното секојдневно чекорење по степениците на целта на нашата компанија ме донесоа пред портите на менаџментот кој го вреднуваше мојот труд и ми ја укажаа довербата за да ми ја доделат сегашната позиција Ареа Менаџер. Чест и задоволство ми е да ги извршувам задачите покрај најдобрите колеги од западниот регион на Македонија и пред лицата на задоволни и долгорочни клиенти.
Флекс Кредит е местото каде ќе ги пронајдете најдобрите и најзабавни колеги, ќе присуствувате на одлично организирани тим билдинзи и ќе бидете предводени од силни и вистински луѓе кои секогаш ќе подадат рака на вашиот труд и ќе бидат рамо до рамо во секој ваш чекор напред!
Перфекцијата во работата се раѓа од задоволството од истата!
Катерина Цаневска – Менџер за наплата на долгови
Мојот работен ангажман во Флекс кредит започна како Оператор за телефонска наплата на побарувања со искуство во финансиска институција во период од 3години. Трудот и ангажманост за неполн период од шест месеци беа вреднувани и унапредени на позиција Супервизор за наплата на побарувања, за по шест месеци да бидам унапредена во позиција менаџер за телефонска наплата и да си го реализирам долгогодишниот сон. Бидејќи Флекс кредит е компанија која навистина дава можност да си ги оствариш соништата. Имаме пријатна работна атмосфера, еднаква можност за напредок и трудот и ангажманост се ценат и почитуваат.
Добрите работи доаѓаат кога веруваш, подобрите кога си трпелив а најдобрите кога не се откажуваш.
Александра Јаневска – Менаџер за контакт центар
Во Флекс кредит сум уште од самите почетоци. Кариерниот пат во компанијата го започнав на позиција Оператор во контакт центар, по шест месеци бев унапредена на позиција Кредитен референт. Оваа позиција ми овозможи да растам заедно со компанијата и заедно да славиме бројни успеси. Она што можам да го кажам со сигурност е дека трудот и ангажманот се вреднуваат: по само неполна година работен ангажман сум унапредена на позицијата Менаџер во контакт центарот - продажба.
Компанијата Флекс кредит дефинитивно ја препорачувам како компанија во која може да ги реализирате своите амбиции и животни желби.
Симона Крстевска – Менаџер на кредитен оддел
Веќе две години сум дел од семејството на Флекс кредит Македонија. Мојата кариера во оваа компанија започна во кредитниот оддел како Кредитен референт. Трудот и ангажманот кои ги вложив и допринесов за развој на бизнисот во компанијата резултираа со унапредување на позиција Менаџер на кредитен оддел.
Во компанијата сум од самите почетоци и гледав како расте мојот сектор што овозможи да растеме заедно со колегите во атмосфера на поддршка, мотивација но и дружба. Со дел од колегите станавме и пријатели, па и слободното време го поминуваме заедно. Работната атмосфера и можноста за напредок е она што посебно ми се допаѓа во компанијава во која работам, а која е релативно млада, но многу успешна и една од 200 најуспешни компанији во изминатата година
Би сакала да ја спомнам изреката на Теодор Рузвелт по која се водам: “Верувај дека можеш и веќе си на половина пат до целта“.
Лилјана Бојковска – Менаџер за човечки ресурси и маркетинг
Моите почетоци во Флекс Кредит се од пред шест месеци во Одделот за човечки ресурси како Менаџер за човечки ресурси, период доста динамичен и иновативен, од кој произлезе моето унапредување во Менаџер за човечки ресурси и маркетинг и спојување на двата најкреативни сектори. Страста кон работата е клучна компонента за успех која ме поттикнува и инспирира. Нашите вработени се јадро на нашата компанија, и вложуваме многу грижа за да го оддржиме семејниот и пријателски дух. Работата да им биде предизвик, можност за раст но и можност за заработка. Вештините кај вработените се важни, се разбира, корпоративната култура е таа што вистински ги придвижува да веруваат во нашата мисија и визија, бранејќи ги боите на нашата компанија и градејќи одлично корисничко искуство кон клиентите и одлични конекции со колегите.
Компанијата ја препорачувам како одлично место за професионалци, со одлична можност за растење, градење, компанија со модерен и современ простор, одлични бенефиции и многу настани, многу тимски дружби, тим билдинзи и корпоративни унапредувања и признанија за успешна работа.
Работата во Одделот за човечки ресурси и маркетинг се карактеризира со иновативност и креативност, посветенест и голема љубов и знае многу да возврати за трудот, да се почувствувате како херој во тимот.
Доколку сте проактивни, амбициозни и енергични и Ве привлекува работа во пријатна и хармонична средина, приклучете ни се заедно да градиме успеси!
Патот до врвот е тежок, но погледот од горе е најубав!
Сакаш да станеш дел од тимот на Флекс Кредит?
Следи ја компанијата