Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, одлучи поголем дел од парите да ги донира во хуманитарни цели. Неговото богатство е проценето на 124 милијарди долари.
Во интервју за CNN порача дека поголем дел од парите ќе ги донира зa борба против климатските промени, но и на луѓето кои се соочуваат со социјални и политички поделби.
Ова е првпат Безос да изјави дека ќе го донира богатството. Беше критикуван затоа што не ја поддржа кампањата Giving Pledge со која некои од најбогатите луѓе во светот се обврзаа да донираат пари во хуманитарни цели.
Безос нагласи дека тој и неговата партнерка Лорен Санчес планираат да донираат пари. Според него, моментално градат капацитети за да можат да ги донираат парите.
Запрашан дали тоа ќе се случи додека е жив, Безос одговори потврдно.
Претходно, славната пејачка Доли Партон ја прими наградата „Bezos Courage & Civility Award” од 100 милиони долари што Безос ја доделува на активисти, филантропи и хуманитарци кои „храбро бараат решение“ за актуелните светски проблеми.
Безос наградата ја најави заедно со Санчес.