Котлар е едно од ретките безвременски занимања, а доказ за тоа е и побарувачката за добрите експерти од оваа област на пазарот, која е во постојан пораст
Професионален и добро обучен кадар за работа на позицијата котлар е неопходен за непречено функционирање на секоја поголема производствена компанија, а од оваа професија може и добро да се заработи.
Што работи еден котлар?
Котларот најчесто ја следи работата на опремата во котларницата и ракува со гасни уреди, садови под притисок, рачни и автоматски вентили, мерни инструменти. Врши превентивно и тековно одржување како и контрола на исправноста на сите уреди и апарати во котларата, одговорен е за редовно снабдување на погонот со технолошка пареа и топла вода и слично.
Што значи да се биде котлар?
Со цел да ви ја доближиме убавината и важноста на оваа професија, ќе ви споделиме што значи да се биде котлар во DS Smith, Скопје.
DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа со седиште во Лондон. Во Македонија компанијата е формирана во 1947 година под името Комуна, а од 2015 е дел од големото семејство на DS Smith.
Како изгледа работниот ден на еден Котлар во DS Smith?
Вработениот на работната позиција котлар работи на автоматизирана постројка за производство на пареа, снабдувајќи ја со вода и енергенс - гас за обезбедување на производството со технолошка пареа. Ја контролира исправноста на сите уреди и апарати во котларата (манометри, термометри и тврдина на вода) и доставува соодветни информации. Дополнително, ја следи работата на Котларата и ги отстранува дефектите во негов домен.
Кои квалификации треба да ги има вработениот на оваа позиција?
Вработениот на оваа позиција треба да има завршено средно стручно училиште за ракување со садови под притисок или да има соодветна Диплома за ракување со садови под притисок стекната со соодветна обука.
Дали кандидати без искуство можат да се пријават на оваа позиција?
Пожелно е кандидатите да имаат соодветно искуство за ракување со садови под притисок, во секој случај за кандидатите следува соодветна обука за работа на конкретното работно место и за садовите по притисок кои компанијата ги поседува и користи. Соодветно воведување во начинот на работа, постапките и процедурите на работење во компанијата и процедурите за безбедно ракување со котли.
Кои се можностите за напредок од позиција котлар?
Како и во секоја друга позиција и вработените на оваа позиција може да напредуваат зависно од нивното вложување, желбата за учење и развој.
Заинтересирани сте за работа во DS Smith?
Доколку сте вредни, одговорни, флексибилни, спремни за учење и тимска работа, аплицирајте за позицијата МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР - КОТЛАР во DS Smith или испратете Ваша биографија на следната адреса hr.skopje@dssmith.com.