„Фереро“ покрена проект за изградба на нова фабрика во Северна Америка за производство на брендот Kinder Bueno. Изградбата ќе чини 214,4 милиони долари, а планирани се 200 вработувања.
Објектот ќе има 15.700 квадратни метри и се очекува да биде отворен во 2024 година. Со него ќе се означи почетокот на производството на Kinder производите во овој дел од САД.
Инвестицијата ќе го поттикне нашиот развој во Северна Америка, стратешка област за раст на „Фереро“. Подобрувањето на нашите производни можности на пазарот е клучно за покренување на нашата програма за иновации, соопштија од компанијата.
Северноамериканскиот огранок на „Фереро“ брои повеќе од 4.400 вработени распоредени во осум канцеларии и 12 фабрики и складишта во САД, Канада и на Карибите.
Извор: instore.mk