Организаторите на Светското првенство во Катар смислиле начин како да избегнат да има празни места на стадионите за време на Мундијалот.
Имено, тие ќе плаќаат Пакистанци да глумат навивачи на останатите држави, а за тоа ќе добиваат 10 долари на ден.
Британските медиуми откриваат дека на навивачите им плаќале по 10 долари дневно за да навиваат за кого сакате, а најголем дел од нив пристигнале од Бангладеш.
Платените навивачи веќе облекоа дресови на најголем дел од репрезентациите, па ја создаваат мундијалската еуфорија, а покрај пари ќе му биде платен смештај и три оброци на ден.