Охридската цреша е првиот македонски производ со заштитена географска ознака, што според законот стана национален бренд.
Оваа постапка можат да ја почнат само група на производители кои можат да побараат и субвенција. Според експертите ќе треба уште време за да се заштити сопственото производство, бидејќи интересот за брендирање е многу мал...
Земјоделската задруга „Охридска церешна“ е единствен производ кој ја доби географска ознака за сортата охридска цреша. Ова досега е прва и единствена постапка според Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи кај нас.
Со донесувањето на Законот за квалитетот на земјоделските производи брендирањето го прави министерството за земјоделство.
Во постапка за заштита на географското име се и неколку други производи меѓу кои „преспанско јаболко“, „буковска пипер“, „македонско јагнешко од праменка Овчеполка“, „Мариовски мед“, „мариовско биено сирење“, и „беласички костенов мед“.
Барање за заштита на некој бренд можат да поднесуваат само група на фармери или преработувачи кои се занимаваат со производство на ист земјоделски или прехранбен производ.
Со регистрирањето на производот со географско потекло или ознака за квалитет се врши негова заштита и може да се продава на странските пазари со препознатлив бренд, квалитет, поголема додадена вредност и цена.
Досега со Законот за индустриска сопственост први беа заштитени десетина други производи меѓу кои ориз, гразни.