Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32.553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани.
Според ДЗС, зголемената нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).
Извор: mkd.mk