Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро - зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година.
Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година. Следствено, купопродажните трансакции на домашниот девизен пазар со банките и вршењето на менувачките работи со хрватски куни ќе може да се спроведуваат заклучно со 31 декември 2022 година.
Во текот на 2023 година замената на хрватските куни ќе може да се реализира исклучиво кај деловните банки и кај други институции на територијата на Република Хрватска. Од 1 јануари 2024 година услугите за замена на хрватските куни ќе ги реализира единствено Централната банка на Хрватска. Повеќе информации околу условите за замена на хрватските куни во Република Хрватска може да се најдат на следните официјални интернет страни: www.hnb.hr и www.euro.hr.
извор: lokalno.mk