Еден од најголемите предизвици за компаниите во широката потрошувачка е како да го позиционираат брендот на повисока позиција во свеста на потрошувачот, за при избор на производ во соодветната категорија да го изберат токму производот од компанијата. Според претходните истражувања од Инсајдер ИД, кај 5%-8% од потрошувачите постои висока лојалност кон брендот, што директно посочува дека над 90% од потрошувачите носат одлука врз база на моменталниот избор.
Потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анкетирани се повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територијата на целата држава.
Анализирани се 17 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана Вода, Негазирана Вода, Здрава Храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) Кафе, Природни Сокови и Сончогледово Масло.
Во однос на брендовите кои што се на првите позиции според нивната препознатливост, не се забележливи големи промени. Всушност за дел од брендовите кои што во претходното истражување 2021-ва година бележат намалено учество, во тековното се “враќаат” на вредностите од 2020-та година.
Извор: marketing365.mk