ГРАЃАНИТЕ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 1 ДЕКЕМВРИ.
Фирмите што уредно аплицирале за поевтина струја не добиле повратен одговор од државните електроцентрали за да склучат договор со ЕСМ за испорака на субвенционирана струја од 80 евра за мегават-час, предупредија од здруженијата на компаниите од пекарската индустрија и млекопроизводството. Непотпишувањето на договорите би значело и одложување на поевтинувањето на основните прехранбени продукти, кое беше најавено од почетокот на декември.
Неизвесноста за намалувањето на цените произлегува од малиот број на фирми што се пријавиле за користење поевтина струја. Досега тоа го направиле 233 од планираните 1.000 компании од прехранбениот сектор. Еден од поголемите производители на масло за јадење од земјата не ни конкурирал за поевтината струја бидејќи има инсталирано фотонапонски централи. Како што изјавија од фабриката, веќе била намалена цената на маслото за јадење за 40 денари, со објаснување дека цената на овој производ најмногу зависи од вредноста на суровината.
Еекономските експерти во повеќе наврати истакнуваа дека очекуваат цените на лебот, млекото, месото и сувомесните производи, маслото за јадење да поевтинат за околу 10 отсто во декември. Од Министерството за економија бараат доследно почитување на оваа владина одлука и најавија засилени инспекции, а пазарните инспектори ќе вршат контроли на цените на храната. Во согласност со Законот за трговија ќе се носат мерки за замрзнување на цените, како и одредување маржи.
Повеќе на темата, прочитајте ОВДЕ.