Во Австрија во Виена почна да им се наплаќа на дел од станарите да користат лифт.
Како што пренесува „Еуроњуз“, во зграда во округ во Виена, станарите мораат да стават во касата на приземје по 20 центи за да се возат. Оние кои нема да платат ќе мораат пешки. Ваквата новина е поради поскапените енергенси и струјата.
Како што пренесува „Еуроњуз“, станарите на приземје откако ќе ги остават парите добиваат клуч. Но и тој не е бесплатен. Со неговото добивање, односно право на користење, се плаќаат дополнителни 20 евра месечно.
Во добар дел од зградите во Виена и претходно постоеле каси од некои дамнешни времиња, во кои со децении никој не ставал ништо во нив. Сега, како што пренесуваат медиумите, тие повторно станале актуелни.
Во Австрија се подготвува и закон според кој на полицијата им е дозволено да им ги одземе возачките дозволи и автомобилите на оние кои значително ќе ја надминат дозволената брзина за возење, соопштија од Министерството за сообраќај. Ресорниот министер Леонор Гевеслер, рече дека на патиштата има премногу од оние кај кои казните и дополнителните школувања не делуваат.
„На тие лица мора да им се одземе нивното оружје“, рече Гевеслер за време на претставувањето на нацрт законот. Според него, на возачите кои во населено место ја надминуваат дозволената брзина од 60 километри на час, или надвор од населено подрачје возат повеќе од 70 километри на час, на лице место ќе им биде одземен автомобилот на две недели.
Кај оние кои возат со повеќе од 80 километри на час, во населено место, или 90 километри на час, надвор од населено место, автомобилот ќе им биде запленет и продаден.