Повеќе на оваа тема прочитајте на следниот ЛИНК
„Конечно!“, ја коментираа многумина веста дека министрите за внатрешни работи на ЕУ одлучија да го поддржат пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната од 1 јануари следната година. Што тоа конкретно значи за граѓаните?
Ана од Загреб секојдневно додека се спрема за работа доживува голем стрес. Но, не заради самата работа, туку заради патот до работа. Таа работи во голема фирма во Словенија. Заради непредвидливите гужви е невозможно да знае колку време ќе и треба за да стигне до работното место. Вели дека било особено страшно за време на короната. Еднаш задоцнила 45 минути, а повеќе пати во годината заглавила меѓу туристите на граничните премини и чекала со часови од вечерната смена да се врати дома. Петар од Далмација кој исто така работи во Словенија за време на сезоната петок го зема за слободен ден за на враќање дома да ја избегне туристичката летна навала.
Но откако Хрватска ќе пристапи кон Шенген зоната и на границите кон Словенија и Унгарија ќе се тргнат граничните рампи гужвите ќе бидат само дел од минатото.
Години чекање
Граничните куќарки за сега нема да се демонтираат, но таква ќе биде судбината на некои од нив заради намалување на трошоците за одржување, додека дел ќе останат во случај на потреба на повторно воведување надзор, објаснува за ДВ, Зоран Ничено, началник на Полициската гранична управа. За шенгенски третман на аеродромите сепак ќе се причека до 26 март до кога летовите од и до Европската унија ќе се префрлат на терминалите за „домашни летови”.
„Хрватска е автомобилска дестинација, за неколку часа сте на брегот на Медитеранот, тоа е нешто што многу придонесува за привлечноста на таквите дестинации. Ако морате заради границите да потрошите повеќе пари, ќе си речете па нема ни да одам“, истакнува Бркиќ.
И соседите би можеле да бидат задоволни?
Со оглед на тоа дека Хрватска веќе една година спроведува контроли исти какви што ќе ги прави и по први јануари 2023 година, со нејзиниот влез во Шенген зоната може да бидат задоволни и соседите за кои со преминот преку граница ништо нема да се промени, вели началникот на полицијата, Ничено. Но, затоа кога еднаш ќе ја прејдат на пат кон запад ќе има промена - нема да има уште едно повеќечасовно чекање плус на граница.
А, како можеше да биде…
Поранешниот министер и дипломат Божо Ковачевиќ за ДВ коментира дека влезот во евро и шенгенската зона за Хрватска се остварување на историските цели, мисијата за евроинтеграцијата која заеднички ја прифатија и власта и опозицијата, но заради годините кои ги поминала земјата чекајќи тоа да се случи, видливите последици од таквиот напредок се помали.
„Хрватска во однос на своите соседи задоцни со влезот во ЕУ и за разлика од првите источноевропски земји кои влегоа не беше толку видлива промената по влезот во ЕУ“, вели Ковачевиќ. Исто е и со Шенген кој како простор за слободно движење го релативизираа мигрантската криза во 2015 година и воведувањето меѓусебни контроли на внатрешните граници како последица на тоа. Сегашната криза и инфлацијата која ја тресе Европа е токму она од што Хрватска требаше да ја заштити еврото, продолжува тој.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: dw.com