Прочитајте повеќе на темата: Секој купувач на Jaguar добива уште еден бесплатно, но под еден услов
Цените на половните автомобили се на пикот и наскоро веројатно ќе почнат да паѓаат, процени во четвртокот финансиското одделение на „Volkswagen“.
„Сега сме во пикот“, рекол шефот на продажба во концернот Ентони Бандман.
Тесните грла во снабдувањето и редукцијата на производството во фабриките за автомобили оваа година на германскиот пазар, цената на половните автомобили ја истуркале на 20-25 проценти над долгогодишниот просек, пренесува „dpa“.
Директорот за финансиски услуги на „Volkswagen“ Кристијан Далхајм се согласил со проценката дека трендот наскоро ќе тргне во спротивна насока, како и директорот за финансии Френк Фидлер, кој очекуваниот пресврт го припишува на воздржаноста на купувачите.
„Цените веќе полека паѓаат, бидејќи луѓето очекуваат рецесија и се сè повнимателни со парите“, рекол Фидлер.
„На цените оваа година влијаеја повеќе фактори. Освен недостигот на нови возила, тука се и последиците од војната во Украина, односно крајот на периодот на евтини кредити“.