Приватните превозници по девет дена блокади, синоќа одлучија да ги прекинат протестите и повлечат автобусите од булеварот „Илинденска“ во Скопје. Приватните превозници очекуваат да бидат повикани на средба од премиерот.
Приватните превозници вчера информираа дека нема да учествуваат на огласот на Град Скопје и побараа од Владата одземање на ингеренциите на Градоначалничката за јавниот превоз.
Приватните превозници започнаа со блокада на главниот град на 28 ноември кога со околу 30 автобуси на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, побараа од Град Скопје да им бидат исплатени долговите кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, за да можат да почнат повторно со работа.
Откако немаше исход, приватните превозници на 5 декември оваа година со околу 200 автобуси поставија блокади на неколку главни точки во Скопје, односно на крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и булеварот „Илинден“. Во петокот ги одблокираа крстосниците кај Мавровка и Црвениот крст и останаа да протестираат само на бул. „Илинден“ во околината на Град Скопје.