Би можело да ве интересира: Ќе се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти?
Иако ретко кој ги почитува, а и стабилна е состојбата со Ковид, грип и останати респираторни инфекции, остануваат на сила 4-те мерки: носење на маска во здравствевни установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари и лица со посебни потреби. Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок оцениле дека актулните мерки давале резултат и не требало да се укинат.
- Доаѓа зима кога вообичаено имаме зголемување на бројот на случаи со респираторни инфекции и затоа сметаме дека овие мерки треба да останат бидејќи и до сега даваа резултат, изјави, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисиајата за заразни болести.
Во однос на респираторниоит синцициски вирус поради кој изминатите месец дена се полнеа детските амбуланти, од Комисијата сметаат дека состојбата полека се стабилизира, а болничките капацитети ги задоволувале потребите за згрижување на деца со симптоми на овој сезонски вирус.