Балканскиот народ отсекогаш го сметал ова растение за трн, и не го сакал во близина на својот дом, бидејќи ако никне во дворот, укажувало на тоа дека куќата е напуштена и дека никој не живее во неа.
Сепак, во едно село во Златибор, дедото Томислав Селаковиќ (85) засадил шипинка на својот имот, каде во една сезона собрал околу 2 тона и заработил околу 7.000 евра. Имотот на Тома, каде што го одгледува ова растение, се наоѓа во периферијата на селото Сеништа на падините на планината Златибор.
„Кога размислував дали да засадам шипинки, луѓето се чудеа зошто садам трње на имотот кога веќе ги има во изобилство“, ја започнува приказната дедо Томислав.
Би можело да ве интересира: Лековита билка носи 3000 евра заработка по хектар
Пред пет години, кога почнал да се занимава со земјоделство, овој вреден Златиборачанец засадил садници од шипинка што ги добил од северот на Србија на 60 декари од земјата на неговиот татко.
Целиот текст е на faktor.mk