Прочитајте: Само во Црна Гора: Ако имаш 100 години го добиваш ова за Нова година
Бројот на жители во Србија се намалил за 495.975 во споредба со 2011, покажуваат првите резултати кои денеска ги објави Републичкиот Завод за статистика.
Пописот од 2022 покажа дека Србија има 6.7 милиони жители, односно околу 7 проценти помалку во споредба од пред 10 години. Според пописот од 2011 во Србија имало 7,2 милиони жители.
Директорот на Заводот за статистика на Србија, Миладин Ковачевиќ на прес-конференција во Белград, оцени дека намалувањето на бројот на жители е помало од очекуваното. Намалување на број на жители за околу 10 отсто е забележано во скоро сите региони, освен во регионот на главниот град Белград.
Пописот покажал и дека има повеќе станови и тоа за 12, 3 отсто во споредба со претходниот попис. Не е забележано позначајна промена во однос на вкупниот број на домаќинства, но има зголемување на бројот на индивидуални домаќинства.
Претставниците на заводот за статистика не зборуваа за причините зошто се намалил бројот на жители.
Конечните резултати од пописот ќе се објавуваат сукцесивно од април 2023 година до јуни 2024 година.
Пописот е спроведен од 1 до 31 октомври 2022 година.
Извор: netpress.com.mk